Activity 1- Skopje, Primary School: Kiro Gligorov, Sport,s Park “SARAJ”-Branimir Nesic, MSc.

– Дипломиран Агроном при Унивпезритетот СВ. Кирил и Методиј Скопје
– Магистрант, Нутриционист на Технолошко Техничкиот факултет – Велес при универзитет

Св. Климент Охридки – Битола
– World wide сертифициран тренер од FISAF (Белград)
– World wide offitial Сертифициран Zumba тренер
– Спортски танцов тренер  сертифициран од ТСФМ (Спортска Танцова Федерација на Македонија)
– Национале Судија А  спортски танци (Лиценциран од ТСФМ)
– Пчелар
– Сопственик и тренер во Танцов Спортски Клуб Бранимир и Бранкица-Скопје.

Во овој клуб  се негуваат Латино-Американски танци (Samba, Cha cha, Rumba, PAsodoble, Jive) и Стандардни танци (Waltz, International Tango,Viennese Waltz,Slow Foxtrot , Quickstep), Хип Хоп , Рага џам, Social dances: Salsa, Bachata, Zouk, Merenge, Tango, како и многу други танци кои се играат во пар, како и соло.

Освен танцувачките дисциплини, се негуваат и следните рекреативни игри:
Zumba, Zumba Toning, Zumba Step, Zumba Kids;
Бранимир Нешиќ особено внимание посвети во градење на својата кариера во домен на Circuit Training, Total Body Workout, Ultimate bag workout, Mat pilates, Fitball Pilates, Cardiobarre Pilates, Yoga;
Kick Box aerobic, Step Aerobic, Low impact Aerobic.

Според Бранимир Нешиќ „ВЕЖБАЊЕТО Е МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ЛЕК БЕЗ ИНТЕРАКЦИИ И НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ„. Вежбите и физичката активност не само што имаат придобивки кај здравата индивидуа, туку имаат докажани придобивки и кај практикантите на физичка активност кои се среќеваат со сериозни проблеми настанати од непрактикување физичка активност, неправилно држење на телото, неправилно седење, прекумерна телесна тежина, не соодветна исхрана и создадена повреда.

‘PAIN RELIEF’ часовите се специјално организирани и структуирани според потребите на одредена група вежбачи кои се во секојдневна борба со константни болки кои постојат како резултат на веќе настанати детсруктивни телесни промени. Вежбите кои се практикуваат имаат за цел намалување на дополнителниот стрес кој се создава при практикување на друга физичка активност, се одвиваат со соодветно темпо и интензитет и водат кон разрешување или ублажување на веќе создадениот проблем.

Активностите се реализирани и снимени со ученици на возраст од 6-16 години во Танцовиот Спортски Клуб “Бранимир и Бранкица” од Скопје  и во ОУ Киро Глигоров, на ден 5 мај 2021 година.

 

Activity 2-Skopje, Primary School: Kiro Gligorov – Dance Sports Club: Branimir& Brankica-Brankica Nesic, MSc.

– Дипломиран Фармацевт при Унивезритетот Кирил и Методиј Скопје
– World wide сертифициран тренер од FISAF (Белград) (Fitness i Aerobic industry)
– Yoga сертифициран тренер (Белград – Јога Савез Србије)
– World wide offitial Сертифициран Zumba тренер
– Спортски танцов тренер  сертифициран од ТСФМ (Спортска Танцова Федерација на Македонија)
-Национале Судија А  спортски танци (Лиценциран од ТСФМ)
– Сопственик и тренер во Танцов Спортски Клуб Бранимир и Бранкица-Скопје
– Regulatory Affairs department Алкалоид АД Скопје.

Танцовиот Спортски Клуб “Бранимир и Бранкица” од Скопје  е член на Танцова Спортска Федерација на Македонија (MADSF) која пак е член на Светската Танцова Спортска Федерација (WDSF).

Во овој клуб  се создаваат едни од најдобрите танчари во Македонија  веќе 15 години.        Од самиот почеток Клубот е носител на шампионски титули во повеќе категории на сите државни првенства, а исто така постојано ја претставува Република Северна Македонија на отворени интернационални како и официјални европски и светски првенства.
Во клубот членуваат деца од 3,5 годишна возраст па нагоре како и голем број на возрасни рекреативци до 70 годишна возраст.

Многубројни се настапите на приредби од јавен карактер, телевизиски емисии, театарски претстави, филмови и музички спотови. Dance Sport Club “Branimir & Brankica” <http://www.branimirbrankica.mk/, http://www.bb-dancesportclub.mk/.

Бранкица Нешиќ е специјализиран тренер кој работи со деца во областа „Превентивна Корективна Гимнастика„ наменета за корегирање и превенција на најчести деформитети кај децата (кифоза, сколиоза). Со упорност, истрајност, соработка, внимание и љубов до одлично здравје, до запознавање на вистинските вредности, низ создавање здрави навики, низ дружба и радување до правилен психофизички развој на децата.

Покрај тоа, за децата вежбањето е забавна физичка активност што придонесува за развој на прецизност, координација на движењето и флексибилноста. Внимателно дизајнирани вежби, прилагодени на возраста, способностите и потребите на децата ја подобруваат нивната сила, ја зголемуваат енергијата, самодовербата и обезбедуваат добра основа за одлично здравје во тек на целиот живот.

Активностите се реализирани и снимени со ученици на возраст од 6-16 години во отворениот спортски парк САРАЈ, а дел во ОУ Киро Глигоров, на ден 6 април 2021 година.