ХЕПА Македонија Националната организација за унапредување на здравјето со физичка активност објавува јавен повик за учество во проект за испитување на степен на физичка активност, спорт, седентарно однесување и здравје кај 100 возрасни лица, од 18 до 75+ години со примена на анкети и акцелерометар што овозможува попрецизно идентификување на активностите.
Испитувањето ќе трае во периодот од 1 јули до 20 август 2019 година.
Што ќе добијат учесниците од овој проект ?
Учесниците во проектот ќе добијат Извештај со анализа на личните активности според исхранетоста и здравствената состојба, како и програма со препораки за избор и дозирање на активностите. Целта е да се подобри здравствената состојба со зголемување на активностите.
Како да се пријавам ?
Заинтересираните лица потребно е да се пријават на даденит линк подолу. Селекцијата на учесниците кои што ќе се пријават, според возраста и полот ќе се врши континуирано почнувајќи од 7 јули до 15 август 2019 година, од страна на тимот на Националната организација ХЕПА Македонија.
Линк за пријавување, кликнете тука.
Сите прашања кои се однесуваат на повикот може да се постават на следнава е-маил адреса: hepa.mk@yahoo.com и тел. 075 611-654 или тел. 02/ 60-90-775.
Објаснение за значење на истражувањето и придобивките од него, на индивидуално и популационо ниво имате на следниот линк:
https://www.facebook.com/HEPA.Macedonia
Со почит,
Истражувачкиот тим на ХЕПА Македонија