EACEA/Erasmus+ Sport “WoW EUROPE project”, 2020-2021
No. 623004-EPP-1-2020-1-RO-SPO-SNCESE

„WoW EUROPE“е европски проект во областа на промоција на физичката активност и спортот вклучувајќи физичко образование фокусиран на децата од основно и средно училиште.
Присуството на познати спортисти: национални, европски и олимписки шампиони за
време на часовите по физичко и здравствено образование во училиштата треба да ги поттикне
децата да вежбаат спорт и физичка активност што го подобрува здравјето развивајќи вештини за
здрав начин на живот.
Втората цел беше хармоничен развој и свесност за значење на спортот во нивниот секојдневен
живот и нивно привлекување во спортот преку поттикнување на учество во спорт и физичко
образование.
Физичката активност може да се спроведе на различни начини, како што се пешачење, возење
велосипед, спорт и рекреација и во различни услови, како на работа, дома, на училиште и на
отворено, во природа. Сите овие форми на физичка активност можат да обезбедат здравствени
придобивки.
Партнери во проектот беа: Северна Македонија/ХЕПА Македонија, Бугарија, Италија, Латвија,
Литванија, Португалија, Словенија, Шпанија, Турција и Романија.
1. Првата активност на проектот беше „Денес јас сум твој учител по спорт“, каде што сите
учесници обезбедија познати спортисти да водат час по физичко и здравствено образование во
основно и средно училиште, еднаш месечно почнувајќи од февруари до јуни 2021.
2. Следната активност беше работилница „Здравје преку спорт“ одржана во Романија за
учесниците во проектот, како и виртуелно за оние кои не беа во можност да учествуваат.
3. Третата активност беше „ПЕДАЛИЈАДА“ одржана во сите земји учеснички.

Оваа акција се одвиваше во природа каде што членовите на проектот ги поканија децата, младите, родителите, бабите и дедовците слободно да возат велосипед по однапред одредена рута со среден интензитет.
4. Една од главните активности во однос на бројот на учесници беше “Отворениот час во спортот“, исто така одржан во сите 10 земји-учеснички. Акциите се состоеа од мини натпревари,
демонстрации на големите спортски шампиони сo „ангажирање на учесниците заедно со овие големи спортисти во спортски активности иницирајќи акции во различни спортови кај пошироката јавност. Овој дел од акцијата беше понудена со цел да предизвика интерес кај децата и младите за спортување, со помош на афирмирани спортисти – национални, европски, светски или олимписки шампиони.
5. Последните две активности се одржаа во Романија за сите членови на проектот: работилница
Од експерти во спортот до луѓето“.
6. Последна активност беше завршната конференција на проектот.

https://www.youtube.com/watch?v=q3Icbs0_wMk&t=15s
Интервју со Националниот координатор на проектот, Вера Симовска Македонска телевизија – МТВ

Тоа беше возбудлив проект и за учесниците и за членовите и му благодариме на нашиот партнер од Романија „Associate Junior Sport“.
Буџетот за имплементација на проектот изнесуваше 1.700 евра за 12 месеци почнувајќи од 1
ноември 2021 година до 31 октомври 2022 година, доделен од Европската комисија во рамките на
Еразмус+ Спорт. Сопствените сретства на ХЕПА Македонија за реализација на проектот изнесуваа
1.300 евра.
Македонскиот тим на НВО ХЕПА Македонија Националната организација за унапредување на
здравјето со физичка активност учествуваше во активностите на „WoW EUROPE“ проектот
спроведувајќи го проектниот план за работа на национално ниво, во периодот на ограничување на
СОВИД-19, во учебната 2020/2021 година.